Најдобрите денови во кариерата Дејан Савичевиќ ги помина во дресот на Милан каде што играше од 1992 до 1998 година и во тој период освои седум трофеи од кои Лига на шампионите, три во Серија А, италијански Куп и Суперкуп на Европа.
Она што му недостасуваше на Милан е титулата од светското клупско првенство во Токио во 1993 година. Таму Милан изгуби од бразилскиот Сао Паоло со 2:3.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Капело жали што во тој натпревар не играл Савичевиќ.
„На четири часа пред натпреварот Савичевиќ ми кажа дека не може да игра и дека е дисквалификуван. Потоа ми кажа дека може. Сепак, јас решив да играм со составот кој претходно го планирав. Ако Савичевиќ беше на теренот можеби ќе го променеше текот на натпреварот“, изјави Капело.