Дома Фудбал Италија Кансело направи глупост, навивачите на Јувентус би можеле сериозно да му замерат (ФОТО)

Кансело направи глупост, навивачите на Јувентус би можеле сериозно да му замерат (ФОТО)

0

Jувентус вчера забележа пораз од Ајакс со 2:1 на свој терен што за Италијанците значеше елиминација од ова натпреварување.

Тимот од Торино поведе во 28-та минута со голот на Кристиано Роналдо, но Ајакс со головите на Ван Де Бек во 34-тата и Де Лихт во 67-та минута стигна до победа и заслужено помина во следната фаза.

Второто полувреме Јувентус го одигра многу лошо, а холандскиот клуб создаде многу прилики и за поубедлива победа.

Масимилијано Алегри во второто полувреме се обиде нешто да промени во играта на својата екипа, па Жоа Кансело го стави во игра во 64-тата минута на местото на Де Шиљо, а пред тоа Кин влезе во игра место Дибала.

Сепак, тоа не даде резултат, а токму Кансело кој влезе во игра во второто полувреме изгледа беше фрустриран поради се што се случи.

Тој на друштвената мрежа Инстаграм лајкна еден коментар кој гласеше: „Освен Роналдо, Јувентус е ужасен тим, не разбирам како професионални играчи и тренер можат да бидат толку глупави“. Кансело така би можел да се најде во проблем поради оваа ситуација, а навивачите и тоа како би можеле да му замерат.

Португалецот минатото лето пристигна од Валенсија во Торино за сума нешто поголема од 40 милиони евра, а оваа сезона одигра вкупно 35 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тухел призна: Ако Мбапе или Нејмар заминат, ќе бараме решение!

Тренерот на Пари Сент Жермен, Томас Тухел не беше категоричен дека дека двете најголеми ѕв…