Репрезентацијата на Македонија до 21 година вечерва на Арената Тодор Проески претрпе минимален пораз од Франција во квалификациите за Европското првенство.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Франција од почетокот до крајот на мечот доминираше и ја контролираше играта, па ја оправда улога на голем фаворит.




Одлучувачкиот момент се случи во 75-та минута, кога по грешката на Манев, Калулу го постигна единствениот гол на мечот.




„Оваа француска репрезентација е една пресилна репрезентација со голем квалитет. Голем дел од фудбалерите се во Лига 1 во Франција и играат по 90 минути. Примивме гол по наша грешка, сметам дека доколку уште малку останеше 0:0 ќе имавме некоја шанса преку контра. Со малку повеќе среќа можеби ќе имавме позитивен резултат. Но, секако дека тоа не е оправдување“, изјави Канатларовски