Дома Фудбал Камп Ноу доби нов миленик – Побрз е од Белерин, а дрибла речиси како Нејмар

Камп Ноу доби нов миленик – Побрз е од Белерин, а дрибла речиси како Нејмар

Барселона рутински ја одработи работата против Бетис, иако настапи многу ослабено. Пике, Иниеста, Суарез го пропуштија натпреварот поради повреда, но Каталонците славеа со сигурни 2:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа можеше да биде и поубедливо, но стативата дури три пати го спречи Меси. Но, навивачите беа воодушевени од настапот на дебитантот во Примера, Нелсон Семедо.

Португалскиот репрезентативец на Каталонците им беше резервна опција за десен бек, бидејќи силно сакаа да го вратат Белерин од Арсенал. Навивачите сега му се благодарни на Бога за доведувањето на играчот од Бенфика, кој во првото полувреме со Бетис имаше 100% прецизност на пасови (од вкупно 27).

Освен тоа, беа воодушевени од неверојатните тркачки способноси, а во еден момент достигна и 33 км/х (Болт на пример достигна најголема брзина од 37,6 км/х).

Веќе е јасно дека навивачите на Барса добија нов миленик, а можеме само да замислиме како ќе игра Семедо кога ќе се воигра со остатокот од тимот. На крајот имаше 100% успешност во дуелите, дури 93% успешни пасови, една креирана шанса и две одлични интервенции пред својот гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милметарска трагедија на СП: Иран беше на прагот на успех

Египет и Иран одиграа нерешено 1:1 во третото коло на Светското првенство, со што конечно …