Дома Фудбал Камерунските фудбалери одбија да патуваат на првенството во Египет

Камерунските фудбалери одбија да патуваат на првенството во Египет

Пред почетокот на Афричкиот Куп на нации камерунските репрезентативци одбија да отпатуваат во Египет, бидејќи фудбалскиот сојуз во таа земја не им го исплатил договорениот бонус (30.000 евра за секој играч).

Овие премии биле договорени претходно, но ниту Сојузот ниту Владата на Камерун не го исполниле ветувањето.

Селектор на Камерун е славниот холандски репрезентативец Кларенс Сидорф, кој сега се најде во незавидна ситуација.

Помош побара и од најдобриот камерунски играч на сите времиња Самуел Ето, кој ќе дојде во земјата да поразговара со играчите и ќе се обиде да ги убеди да ја променат одлуката.

Инаку, Камерун е фаворит за титулата, а во групната фаза треба да се сретне со Гана, Гвинеја и Бенин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одбраната во 94. минута го круниса големиот меч на Димитриевски во Елче

Столе Димитриевски ја зачува мрежата во гостинскиот триумф на Валенсија со 1-0. Македонски…