Македонската Дејвис куп репрезентација го изедначи резултатот на 1:1 во мечот со Малта од 1.коло од Третата Европска зона што се игра во Ларнака, Кипар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Првиот поен за нашиот тим го донесе најдобриот тенисер на Македонија Калин Ивановски кој со 2-0 (62 64) за 1 час и 18 минути го совлада Лиам Деликата. За победникот во мечот ќе решава пресметката на дубловите на двете репрезентации.
Во првиот сет и во мечот нашиот тенисер стартуваше одлично и по двата брејка поведе со 4:0, а потоа двајцата тенисери освојуваа гем на свој сервис и сетот заврши со резултат 6:2 за Ивановски. И во вториот сет на самиот почеток Ивановски направи брејк за водство од 2:0 и таа предност ја имаше до крајот на сетот. Во 10.гем на свој сервис не ја искористи првата меч топка, а притоа направи и двојна грешка, за веднаш потоа да ги земе следните два поена и да го освои сетот со 6:4.
Инаку во првиот меч Обрад Марковски загуби со 2-1 во сетови од Алекс Габриеле.
Во мечот на двојки за Македонија ќе играат Берк Бугариќ и Калин Ивановски, а за Малта Алекс Дегабриеле и Лиан Деликата.