Дома Трансфер зона Калиниќ пристигнува во четврток, но Милан спрема ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Калиниќ пристигнува во четврток, но Милан спрема ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан го договорил трансферот на Никола Калиниќ од Фиорентина, па напаѓачот во четврток и официјално ќе стане нов член на „росонерите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан за трансферот на Калиниќ на Фиорентина ќе и плати 25 милиони евра, а Хрватот на „Сан Сиро“ ќе пристигне како замена за Карлос Бака кој за 18 милиони евра се сели во Виљареал.

Меѓутоа, италијанските медиуми тврдат дека тоа нема да биде крај на трансфер пазарот на „росонерите“ бидејќи раководството сеуште располага со буџет од околу 80-100 милиони евра.

Најголема желба на раководството е Пјер Емерик Обамејанг, кој исто така јавно потврди дека сака да се врати на „Сан Сиро“, па останува да видиме дали „росонерите“ ќе успеат да го договорат овој трансфер.

Притоа, Милан е во потрага и по уште еден играч за врска, а на листата се Ренато Санчез од Баерн Минхен и Сержи Роберто од Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…