Дома Македонски спорт Мак ракомет Калараш останува во Вардар, договорен и нов голман

Калараш останува во Вардар, договорен и нов голман

Ракометниот клуб Вардар веќе подолго време се соочува со финансиски проблеми, а поради тоа клубот го напуштија неколку играчи од шампионскиот тим.

Сепак, Вардарци работат на нови засилувања, како и на зачувување на дел од сегашниот ростер.

Откако клубот претходно потврди дека Чупиќ, Стоилов, Дибиров и Дисингер остануваат во црвено-црниот дрес, вечерва пристигна уште една убава вест, а тоа е дека Калараш останува верен на клубот.

Во исто време клубот договори и трет голман. Станува збор за Французинот Робин Кантегрел, 25-годишен голман кој досега настапуваше во екипата на Сесоњ-Рен. Кантегрел ќе го бара своето место во тимот во конкуренција на Ристовски и Кизиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Без Митревски, Томовски ја презема главната улога на стартот кон ЕП 2028

Мартин Томовски влегува во репрезентативната недела со силна бундеслигашка форма. Македони…