Барселона во второто коло од Лигата на шампионите ќе игра против Јувентус, а стратегот на Каталонците Роналд Куман има неколку дилеми пред овој меч.
Холандскиот стратег има намера да го измеша тимот после поразот од Реал Мадрид. Во средниот ред сигурен е Де Јонг, а не е сигурно кој ќе биде негов партнер во средината. Куман има дилема да го остави Бускетс кој не блескаше во „Ел Класико“ или да му даде шанса на Пјаниќ кој дуелот со Реал го помина на клупата за резерви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналд Араухо ќе го замени суспендираниот Пике, додека од првата минута шанса би требало да добие и Гризман поради повредата на Кутињо.
Во нападот ќе играат Ансу Фати и Меси, додека има неодлучност околу четвртиот офанзивец, опции се Педри, Тринкао и Дембеле.