Дома Фудбал Останато Како Роналдо изел две чинии тестенини и половина леб па блеснал со два гола

Како Роналдо изел две чинии тестенини и половина леб па блеснал со два гола

„Вистинскиот“ Роналдо како што многумина сакаат да го наречат Бразилецот сигурно беше еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, а ако немаше проблеми со коленото сигурно дека ќе направеше уште повеќе во кариерата во која и онака направи многу.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдо е еден од ретките кои можат да се пофалат дека играле во и во Интер и во Милан, а на крајот останале омилени и на двете страни. Во Милан „Феноменот“ помина една сезона, сега Галијани раскажа една анегдота од поминатото време на Бразилецот во Милан.

„Роналдо беше како Роналдињо, имаше самодоверба и не сакаше да ги анализира противниците. Се сеќавам дека еден ден пред неговиот втор натпревар за нас изеде две чинии со тестенини, а потоа со половина леб го собра сосот кој му остана. Не чекаше натпревар со Сиена, па јас и Анчелоти бевме зачудени. Му кажавме дека утре имаме натпревар и дека не треба да претерува со јадењето“.

„Тој само се сврте и ни одговори: Утре тој што ќе ме чува знае дека ќе го чува Роналдо и тој има проблем, не јас. Доје натпреварот, Роналдо беше одличен и постигна два гола“, раскажа Галијани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона со трета понуда за Родри

Откако Манчестер Сити ги отфрли првите две понуди на Барселона за Родри, кои беа соодветни…