Дома Фудбал Останато Како Мурињо го понижил Ибрахимовиќ пред целиот тим

Како Мурињо го понижил Ибрахимовиќ пред целиот тим

0

Златан Ибрахимовиќ и Жозе Мурињо имаа навистина добар однос во времето кога работеа заедно.

Швеѓанецот беше во Интер кога Мурињо пристигна во Италија, а потоа овие двајца одново се сретнаа во Манчестер Јунајтед во 2016 година.

Мурињо претходно зборуваше дека Ибрахимовиќ за него е посебен играч, но напаѓачот откри еден детал од соблекувалната кога тој и Жозе биле главни актери.

„Имав ситуација во Интер кога одигравме многу лошо прво полувреме, а потоа пред целиот тим ме критикуваше. Требаше да ја добијам наградата за најдобар играч во Италија а тој ми кажа: Кога ќе одиш на таа бина и ќе ја добиеш наградата би требало да се засрамиш. Поради начинот на кој сега играш, не го заслужуваш тоа признание“, изјави Ибрахимовиќ.


Следете го Sportski.mk и на


Потоа Швеѓанецот додаде дека тој знае како да се носи со критиките.

„Тоа што тој ги критикува играчите не е ништо нови, се се сведува на тоа како вие тоа го поднесувате“, заклучи Ибра кој денес го носи дресот на Лос Анџелес Галакси.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Сити – Тотенхем: Сити нема време за жалење, сака брза одмазда

Ова ќе биде втор меѓусебен дуел помеѓу овие две екипи за само неколку дена, по натпреварот…