Дома Фудбал Лига на шампиони Како Киелини му посакал „добродојде“ на Кејн во репрезентативниот фудбал

Како Киелини му посакал „добродојде“ на Кејн во репрезентативниот фудбал

Најдобриот стрелец од Премиер лигата, Хари Кејн и неговиот Тотенхем вечерва со почеток од 20:45 часот му гостуваат на Јувентус во првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фантастичниот Кејн оваа сезона постигна 32 погодоци во 33 натпревари од кои 23 во англиското првенство, но во Торино ќе се соочи со одбрана која примила само еден гол на последните 16 натпревари во Серија А.

„Станува збор за одличен тим, ние сме тим кој сака да стигне до тоа ниво и со нетрпение чекаме да започне натпреварот. Ќе биде тешко да му се даде гол на Буфон, но ние секогаш сме тука да играме на гол повеќе“, изјави Кејн кој потоа зборуваше за Џорџо Киелни.

„Се сеќавам, прв пат играв од првата минута за Англија токму против Италија. После пет минути имав дуел со Киелини, а следните 10 минути поради тоа не ја чуствував ногата. Киелини е неверојатен играч, сигурно е еден од најдобрите дефанзивци во светот“, изјави Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…