Дома Фудбал Како изгледаше соблекувалната на Барселона по натпреварот на „Енфилд“?

Како изгледаше соблекувалната на Барселона по натпреварот на „Енфилд“?

Фудбалерите на Барселона долго нема да се опорават од шокот кој синоќа го дожвиеаа на „Енфилд“.

Каталонците преживеаа бламажа. Загубија од Ливерпул 4:0 и успеаа да испуштат огромни 3:0 од првиот натпревар. По натпреварот на „Енфилд“ во таборот на Барселона владееше потполн молк. Новинарот на „Спорт“, Алверт Масноу со интересни зборови опиша како сето тоа изгледаше.

„Во соблекувалната на Барселона беше како на погреб. Фудбалерите беа во шок, не можеа да сфатат што се случи на Енфилд и како направија толку грешки. Тренерската личност се обидуваше да започне разговор со нив, но никој не беше заинтересиран. Никој не зборуваше со никого“, пишува „Спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палас тоне на дното: Томас Франк прв избор за спас на сезоната

По седум порази во десет кола, Пјер Саж е пред отказ во Кристал Палас. Според „Скај спортс…