Дома Фудбал Како ви звучи следново: Финале во Лигата на шампионите во – Њујорк!?

Како ви звучи следново: Финале во Лигата на шампионите во – Њујорк!?

Некое наредно финале во Лигата на шампионите во блиска иднина би можело да биде одржано во Њујорк!? Да, добро прочитавте, големиот европски натпревар наскоро би можел да стане забава за богатите Американците, тврдат извори од Шпанија.

Контроверзната одлука за турнеата на Примера во САД која сепак започна да наидува на многу препреки изгледа беше само вовед во глобализацијата на фудбалот која би можела да биде заокружена со најголемиот натпревар во Европа.

Хаумес Рурес, извршниот директор на телевизиската компанија „Медијапро“ од Барселона денес изјави дека се водат преговори за исторско премесување на финалето во Лигата на шампионите на друг континент.

„Надлжените на големо ја разгледуваат можноста градот Њујорк да биде домаќин на некое наредно финале во Лигата на шампионите“, изјави Рурес гостувајќи во утринската програма на „Радио Каталонија“.

Ќе потсетиме кон крајот на 2007 година Премиер лигата прва доби идеја да организира 39 коло (по завршувањето на сезоната и без резултатско значење) на терените ширум САД, но по острите критики од јавноста и навивачите идејата брзо беше отфрлена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Канатларовски ја спореди школата на Вардар од 1985 со односот на младите денес

Драган Канатларовски се наврати на лекциите од поискусните соиграчи во Вардар и на разлики…