Македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски од кога дојде во Лидс во 2017 година од швајцарски Лугано е еден од најдобрите играчи на славниот англиски тим, тоа го докажуваат и бројките.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Алиоски е од голема помош и е стандарден кај Марсело Биелса. Колку значи за овој тим покажува и тоа што иако игра како бек Алиоски за само две ипол години успеа да влезе во топ 10 стрелци на англискиот тим во последната деценија, од 2010 па наваму.
За две ипол години во Лидс Алиоски успеа да постигне 18 погодоци, што за играч кој е бек воопшто не е мала бројка.
