
Ламин Јамал дефинитивно е една од најголемите фудбалски ѕвезди во овој момент, иако има само 17 години веќе е еден од најважните фудбалери во Барселона и шпанската репрезентација.
Со своите блескави настапи Јамал се стекна со голема слава ширум светот, а едно девојче имаше среќа да добие директен поздрав од шпанскиот репрезентативец.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Имено, таткото на девојчето возел такси во Убер и одеднаш во неговото возило се појавил фудбалерот.
Таткото кој знаел дека Јамал е идол на неговата ќерка го замолил да испрати поздрав. Реакцијата на девојчето кога го доби видеото беше неверојатна, едноставно не можеше да си поверува што се случува.