Дома Фудбал Останато Кака: Меси е гениј, Роналдо е машина

Кака: Меси е гениј, Роналдо е машина

Легендарниот бразилскиот фудбалер Кака зборуваше за споредбата помеѓу Лео Меси и Кристиано Роналдо. Кака иако играше со Роналдо го избра Меси.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентинцот е добитник на шест Златни топки, а Кака со Роналдо беше соиграч во Реал Мадрид.

„Играв со Кристиано и тој е неверојатен, но ќе го изберам Меси кој е гениј, чист талент. Неверојатен е начинот на кој игра“, ијзави Кака, освојувачот на „Златната топка“ од 2007 година, потоа продолжи за Роналдо:

„Кристиано е машина – не само што е силен, моќен е и брз, силен ментално. Секогаш сака да победи и сака да биде најдобар. Во историјата на фудбалот двајцата се сигурно во топ 5 фудбалери и треба да бидеме среќни што имаме прилика да ги гледаме“, заклучи бразилската легенда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФФМ го казни Вардар скандалозната прослава!

исциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) му изрече висока пар…