Дома Трансфер зона Казорла конечно се опорави и прави трансфер во Шпанија

Казорла конечно се опорави и прави трансфер во Шпанија

Играчот за врска на Арсенал, Санти Казорла би можел на крајот на сезоната да се врати во својот матичен клуб Виљареал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Казорла конечно се опорави од повредата после 18 месеци и дури 11 операции. Шпанецот имаше повреда на тетивата, а во прашање беше доведена и неговата кариера.

Казорла пред два дена се врати да тренира со остатокот од тимот, но Венгер изјави дека најверојатно нема да се врати на терените до крајот на сезоната.

Договорот на Казорла со „топџиите“ истекува ова лето и тој е слободен да си бара нов клуб, а шпанските медиуми пренсуваат дека би можел да се врати во Виљареал.

Тоа е клуб каде Казорла ја започна кариерата и играше се до 2011 година, кога се пресели во Малага, а потоа во Арсенал.

„АС“ пренесува дека раководството на Виљареал стапило во контакт со неговите агенти и сакаат да му понудат едногодишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…