Дома Фудбал Каде тоа дојде Меси? Коментарот на Агуеро кажа многу, а синоќа пристигна нова брука

Каде тоа дојде Меси? Коментарот на Агуеро кажа многу, а синоќа пристигна нова брука

Иако се уште нема потпишано договор, Лео Меси одлучи кариерата да ја продолжи далеку од Европа, поточно во американската МЛС, откако и самиот призна дека се договорил со Интер Мајами.

Меси пред неколку дена призна дека кариерата ќе ја продолжи во МЛС. Тој ќе игра за тимот на Интер Мајами, кој инаку е последен на табелата во неговата конференција.

Судејќи по коментарот на Серхио Агуеро, тоа не го боли премногу Меси, кој само почна да се смее, што доволно кажува дека повеќе не се грижи за сериозниот фудбал.

Му кажав дека тимот заостанува и ние треба да стигнеме до осмото место за да стигнеме до плеј-офот, и сето тоа му беше смешно“, изјави Агуеро.

Инаку, Интер Мајами во саботата одигра нов натпревар и повторно доживеа кикс бидејќи го забележа шестиот последователен пораз во МЛС.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Војна од невидени размери во Шпанија: Претседателот на Ла Лига остро му одговори на Реал Мадрид

Конфликтот помеѓу Реал Мадрид и челниците на Ла Лига Хавиер Тебас доби ново поглавје. Нико…