Дома Фудбал Англија Каде беше Варди кога Роналдо дебитираше за Манчестер Јунајтед?

Каде беше Варди кога Роналдо дебитираше за Манчестер Јунајтед?

Лестер вчера на свој терен го победи Манчестер Јунајтед со 4:2 во натпревар од осмото коло во Премиер лигата.

На „Кинг Пауер“ стадионот гледавме одличен натпревар во кој Лестер преку пресврт дојде до победа. Гостите до водство дојдоа со голот на Гринвуд во 19. минута, Тилеманс десетина минути подоцна изедначи на 1:1. За потоа во последните 15 минути од натпреварот да гледаме спектакл во кој на крајот Лестер излезе како победник.

После натпреварот медиумите во Англија направија интересна споредба во која го вклучија Роналдо кој вчера не блескаше. Имено, Роналдо беше спореден со 34. годишниот Варди кој својата кариера ја „оживеа“ пред осум години.

Тогаш Роналдо беше на големо во врвот на кариерата и играше за Реал Мадрид. Исто така медиумите се потсетија на 2003 година кога Роналдо дебитираше. Во времето кога Роналдо дебитираше Варди имаше 22 годин и играше за аматерскиот клуб Стокбриџ Парк Стилс. Тогаш тешко дека и самиот верувал дека ќе изгради кариера каква што има денес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лапорта: Против Баерн треба да ја заштитеме честа

Неколку часа пред одлучувачкиот дуел со Баерн Минхен во ЛШ, претседателот на Барселона Жоа…