Дома Фудбал Кавани: Поради Наполи ги одбив Јувентус и Интер

Кавани: Поради Наполи ги одбив Јувентус и Интер

Eдисон Кавани почна да прикажува навистина солидни настапи во дресот на Манчестер Јунајтед.

Искусниот уругвајски напаѓач пристигна како слободен играч и веќе постигна три гола на шест одиграни натпревари за „црвените ѓаволи“. Уругваецот покрај Јунајтед имал понуди и од италијанските тимови Интер и Јувентус, но од почит кон Наполи ги одбил овие два тима.

„На Наполи секогаш ќе му бидам благодарен. Поради таа благодарност одбив многу италијански екипи кои ме бараа, вклучувајќи ги и Јувентус и Интер. Не можев да направам такво нешто. Наполи ме потсетува на среќа, знам дека многу направив за тој клуб и дека луѓето во градот ме ценат“, изјави Кавани.

За Наполи Кавани одигра вкупно 138 натпревари и постигна 104 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов нападнат од исклучен противник, Погон врза пет победи

Дарко Чурлинов доби удар од Ибрахим Камара, кој по исклучувањето се врати од тунелот. Пого…