Фудбалската асоцијација на Англија денес отвори процес против напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Едисон Кавани поради наводен расизам.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Напаѓачот на „црвените ѓаволи“ на Инстаграм му се заблагодари на на пријателот за честитката за двата гола против Саутемптон, а во таа прилика го нарече „негрито“, односно црни.
Манчестер Јунајтед веднаш излезе со соопштение тврдејќи дека нивниот фудбалер овој збор го користел во поинакво значење.
„Клубот Манчестер Јунајтед и сите наши играчи се максимално посветени во борбата против расизмот и ќе продолжиме да соработуваме со Фудбалската асоцијација. Едисон и клубот се јасни дека не постоела никаква зла намера во пораката. Тој ја избриша и се извини на јавноста порачувајќи дека може да биде погрешно сфатена“, стои во соопштението од на Јунајтед.
