Дома Фудбал Кавани и Тиаго Силва нема да играат за ПСЖ во Лигата на шампиони

Кавани и Тиаго Силва нема да играат за ПСЖ во Лигата на шампиони

ПСЖ ова лето ќе остене без две големи ѕвезди,Едисон Кавани и Тиаго Силва, кои ќе го напуштат клубот како слободни агенти.

На двајцата им завршува договорот на крајот на месецот, а медиумите тврдат дека не постигнале договор со клубот за доигрување на сезоната.

Тоа значи дека ПСЖ нема да може да смета на Кавани и Тиаго Силва во завршницата од Лигата на шампиони која ќе се доигра во август.

ПСЖ неодамна потврди дека Кавани и Тијаго Силва ќе го напуштат клубот бидејќи истекуваат нивните договори. Сепак, се зборуваше дека може да останат до крајот на август за да играат во ЛШ.

Меѓутоа, двете ѕвезди не успеаа да постигнат договор со раководството и нема да учествуваат во „фајнл-ејт“ турнирот кој ќе се игра во Лисабон, што сигурно ќе биде голем хендикеп за „светците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…