Дома Трансфер зона И 80 милиони евра не се доволни Сити да се откаже од Бернардо Силва

И 80 милиони евра не се доволни Сити да се откаже од Бернардо Силва

Како што стојат работите Бернардо Силва и дефинитивно ќе остане во Барселона, последната понуда која пристигнала за Португалецот била од ПСЖ и изнесувала 80 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се поврзуваше Силва и со Барселона, но конкретна понуда не пристигна, потоа во игра се вклучи ПСЖ. Манчестер Сити според информациите на островските медиуми го проценува својот фудбалер на 100 милиони евра, меѓутоа прашање е дали би го продале и да пристигне ваква понуда.

Интересот на ПСЖ најмногу е поради спортскиот директор Луис Кампос. Кампос беше еден од првите кои го забележа квалитетот на Силва и го доведе од Бенфика во Монако каде што блесна на највисоката европска сцена.

Пеп Гвардиола неодамна порача дека негова желба е Силва да остане, меѓутоа додаде дека и за се не се прашува тој. Договорот кој го има Силва со Сити е до 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…