Дома Останати Кошарка НБА И 55 поени на неверојатниот Лилард не беа доволни: Јокиќ и Денвер водат со 3:2! 🎥

И 55 поени на неверојатниот Лилард не беа доволни: Јокиќ и Денвер водат со 3:2! 🎥

Одличен натпревар одиграа изминатата ноќ Денвер и Портланд во петтиот натпревар од четвртфиналната серија на Зпаадната конференција во НБА, а на крајот славеа Нагетси после две продолженија со резултат 147:140 и поведоа со 3:2 во серијата.

Неверојатна вечер имаше Демијан Лилард кој со неверојатните шутеви го оставеше својот тим во живот, но не можеше се сам. Денвер тргна одлично во мечот. Го разбија Портланд во првото полувреме, во втората четвртина беше и 22 разлика, но Портланд со одлична завршница на првиот дел се вратија на само минус три 65:62.

Во продолжение видовме вистинси спектакл, Нагетси ја имаа победата во свои раце, но Лилард погоди тројка за 121:121 и го однесе натпреварот во продолжение. Во првото продолжение Денвер отиде на плус девет и изгледаше дека е се завршено, но Лилард не мислеше така и го врати Портланд на 135:135 за ново продолжение.

Сепак во второто продолжение повеќе не можеше. Денвер го реши натпреварот во своја корист и дојде до победа и водство во серијата од 3:2.

Неверојатниот Лилард натпреварот го заврши со 55 поени. Јокиќ за Денвер уфрли 38, запиша 11 скока и додаде 9 асистенции, Морис додаде 28, а Портер 26 поени.

Бруклин на истокот го совлада Бостон и така се пласираа во полуфиналето од конференцијата со 4:1 (123:109). Џејмс Харден одигра одличен натпревар со учинок од 34 поени, 10 скокови и 10 асистенции. Кај Селтикси Тејтум уфрли 32 поени.

Актуелните шампиони Лос Анџелес Лејкерси се наоѓаат пред елиминација од плеј-офот затоа што беа поразени од Феникс со 115:85. Санси сега водат со 3:2, а најефикасен во овој мече беше Девин Букер со 30 постигнати поени. Кај Лејкерси Леброн уфрли 24, но немаше поддршка од останатите од екипата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Алиоски со емотивна порака се збогува од Лидс🎥

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски денес преку видео порака се збогува со навивачи…