Дома Топ вести И роднина на газдата на ПСЖ го најави трансферот на Мбапе

И роднина на газдата на ПСЖ го најави трансферот на Мбапе

Како што стојат работите Килијан Мбапе на крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ и ќе се пресели во редовите на Реал Мадрид како слободен играч.

За трансфер на Мбапе во Мадрид се преговараше и минатото лето, но на крајот Французинот остана во ПСЖ. Сепак, на крајот на оваа сезона неговиот договор истекува и во Париз немаат начин да го спречат неговото заминување.

Сега трансферот на Мбапе го најави и роднината првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Атија кој е трикратен победник на најтешкото и најпрестижното рели Дакар.

„Ако некој сака да си замине тешко е да го задржите“, изјави Ал Атија за „Мундо Депортиво“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шоу на Батлер, Мајами се избори за мајсторка со Бостон!

Eкипата на Мајами славеше со 111:103 на гостувањето кај Бостон и така изедначи на 3:3 во ф…