
Се посериозна е ситуацијата во Русија. Пред неколку дена Владимир Путин донесе одлука за мобилизација на дури 300.000 лица.




Така претходно беше објавено дека повик доби поранешниот фудбалер на Евертон (ТУКА), а повик стигнал и до екс-светскиот шампион во бокс во тешка категорија, Николај Валуев.




Ep.1 Urban Explorer: Каде да пиете најдобро кафе во Скопје!? ↓↓↓
Голем број Руси успеаа да ја напуштат државата после повикот за мобилизацијата, меѓутоа Валуев не е еден од нив 216 сантиметри високиот и 150 килограми тежок боксер изјави дека со задоволство ќе го прифати повикот и ќе војува за својата земја.




Треба да се спомене дека откако ја заврши боксерската кариера Валуев стана дел од партијата на Путин, во еден период беше и во парламентот.



