Поранешниот репрезентативец на Русија Динијар Биљалетдинов бил повикан да се приклучи на руската армија во инвазијата во Украина.




Оваа вест брзо се рашири низ медиумите на Островот затоа што 37-годишниот Биљалетдинов е поранешен играч и ѕвезда на Евертон. Во редовите на Евертон пристигна во 2009 година и таму помина три сезони.




Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Веста повикот ја потврди и неговиот татко кој објасни дека Динијар нема соодветна воена обука иако на 18 години го отслужил воениот рок.




„Динијар доби повик. Тешко е да се зборува за емоции, тој навистина помина низ воен рок, иако под специфични услови затоа што беше спортист. Тоа беше пред 19 години, има заклетва но служеше во посебната спортска линија. Освен тоа според законот сите способни мажи до 35 години ќе бидат повикани, а тој има 37, па мислам дека има некоја грешка.




Ќе видиме дали е точно, ако станува збор за генерална мобилизација тогаш е друго, меѓутоа претседателот распиша парцијална и се треба да се според законот“, ја пренесува „Сан“ изјавата на таткото на Динијар.