Дома Фудбал Италија И „Газета“ се поклони пред Пандев: Големиот Горан од Македонија

И „Газета“ се поклони пред Пандев: Големиот Горан од Македонија

Пристигнуваат пофалби за македонскиот капитен Горан Пандев откако завчера стигна до бројката од 100 гола во Серија А.

Пандев така стана првиот Македонец кој постигнал 100 гола во некоја од најсилните лиги. До 100 гола Пандев стигна со двата гола против Беневенто во кој Џенова ремизираше 2:2.

Признание и пофалби за големиот успех до Пандев сега стигна од „Газета дело Спорт“:

„Ако му кажете дека е Халендер Горан ќе се насмее затоа што се уште дава голови и ужива. Сто гола на 468 натпревари во Серија А, пласман со Македонија на ЕУРО 2021…Пандев е младост која не постои, од слаломот против Каваро, Турам и голот против Буфон, сите убави моменти во Анкона, Лацио, Интер, Наполи и сега Џенова. Големиот Горан од Македонија“, стои во текстот на „Газета“  за Пандев.

Во продолжение можете да ги погледнете сите 100 гола на Пандев во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Богаташ купи клуб за да може да игра неговиот син од 126 килограми📷

Фудбалските клубови за жал станаа „играчки“ на богатите луѓе. Па неверојатна приказна ни п…