На вчерашниот натпревар против Милан, Чиро Имобиле заработи повреда, а со тоа ги исплаши Италијанците за баражот во март.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имобиле по еден дуел со Калулу падна во болка на теренот. Во прв момент не изгледаше сериозно, меѓутоа теренот го напушти со помош на медицинските лица од Лацио и едвај да газеше на стапалото.




По укажаната лекарска помош Имобиле се врати на теренот, но само по неколку минути побара замена. Од трибините повредата на Имобиле ја следеше и селекторот на Италија, Роберто Манчини.




Италијанците се загрижени затоа што Имобиле е прв напаѓач на „Аѕурите“ и не сакаат да го изгибат пред натпреварот против Македонија идниот месец. Засега не е познато од каков карактер е неговата повреда.