
Пред неколку дена беше потврден трансферот на Лука Станковски во редовите на Монца.
„Бисерот“ на Работнички ќе се пресели во редовите на тимот кој е предводен од Берлускони и Галијани. Вчера Џанлука Ди Марцио објави и дека Звонимир Бобан бил најзаслужен што Монца стигнала до потписот на Станковски пред другите конкуренти.
Висината на трансферот не беше објавена, но денес Италијанците пишуваат дека Работнички за Станковски ја добил посакуваната сума од еден милион евра.
Ова е само уште еден во низата мајсторски трансфери на Работнички кој скоро секоја сезона во последните години знае добро да продаде некој играч.