Дома Топ вести Италијанците најавуваат: Јувентус е спремен да го продаде Пјаниќ!

Италијанците најавуваат: Јувентус е спремен да го продаде Пјаниќ!

0

Иако во поголемиот дел од летото се веруваше дека Миралем Пјаниќ е „сигурен“ во Јувентус сега се појавуваат информации дека Пјаниќ би можел да замине до крајот на преодниот рок (2-ри септември).

„Калчомеркато“ денес пишува дека Јувентус е отворен за опцијата да го продаде Пјаниќ.

„Бјанконерите“ се обидуваат да соберат пари преку продажбата на играчи, но засега тоа не им оди најдобро.

Поради таквата ситуација наводно во Јувентус се решиле да го продадат Пјаниќ од кој можат да заработат најмалку 50-60 милиони евра.

Сепак, не е јасно дали во Торино ќе имаат време да доведат негова замена, ако навистина планираат нешто такво. Пјаниќ претходно медиумите го поврзуваа со Реал Мадрид и ПСЖ, дали овие два клуба се уште се заинтересирани останува да видиме.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Марка“ удри по Зидан и Раул: Клубот мора да реагира

Бразилецот Родриго Гоес стигна во Реал Мадрид летово за 45 милиони евра од Сантош како фуд…