Дома Фудбал Италија Италијанците лансираа сензација: Икарди се разведува од Ванда поради неверство!?

Италијанците лансираа сензација: Икарди се разведува од Ванда поради неверство!?

0

Цела Италија овие денови пишува за ситуацијата со Ванда Нара и Мауро Икарди.

Икарди е во центарот на вниманието, а ќе биде уште повеќе ако она што го лансираше италијанското списание „Кинг Корона“ е вистина.

Веста која ја пренесува овој медиум е навистина шокантна и неверојатна – Мауро Икарди се разведува со Ванда Нара!?

„Мауро Икарди ќе се разведе од Ванда Нара бидејќи дознал дека го изнерверува со неговиот соиграч Марсело Брозовиќ“, гласи натписот на споменатото списание.

Оваа вест дефинитивно уште повеќе ќе ја вжешти атмосферата во соблекувалната на „нероаѕурите“.

Сега не е познато дали овој медиум сака да добие на публицитет со лансирањето на ваква бомбастична вест или пак има вистина во нивните најави.

Не е исклучена можноста да се работи само за шпекулација и „Кинг Корона“ да сака да добие популарност поради вниманието од јавноста кое сега го добиваат Икарди и Ванда.

Ќе потсетиме, Икарди неодамна остана без капитенската лента после што одби да биде во комбинација за настап во натпреварот против Рапид Виена во Лигата на Европа. Икарди нема да биде во составот на Интер и за натпреварот на Интер овој викенд против Сампдорија.

Од Интер објаснувањето е дека се работи за ситна повреда меѓутоа во тоа никој не верува.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Најбрзите во Премиер лигата: Голманот на Фулам бил побрз од Салах!

Сезоната во Премиер лигата е завршена, а сега е откриено кои играчи беа најбрзи во ова нат…