Дома Трансфер зона Италијанските гиганти ја сакаат ѕвездата на ПСВ

Италијанските гиганти ја сакаат ѕвездата на ПСВ

Италијанските гиганти Милан, Јувентус и Интер покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на ПСВДонјел Мален.

Овој 22 годишен фудбалер кој ја помина академијата на Ајакс и Арсенал игра одлична сезона за ПСВ и има постигнато 13 гола. Притоа веќе дебитираше со гол за холандската репрезентација.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мален се промовираше во еден од најдобрите холандски таленти и на лето сигурно ќе направи трансфер во поголем клуб.

Неговиот агент Мино Раиола веќе имал контакти со италијанските гиганти, кои сакаат да го донесат во своите редови.

Напаѓачот во договорот со ПСВ има откупна клаузула од 50 милиони евра, но холандскиот клуб е спремен да го пушти за 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Три европски гиганти се борат за потписот на Олмо

Манчестер Јунајтед, Барселона и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на …