
Ромелу Лукаку наводно се надева дека ќе може да се врати во Серија А од каде замина во Челзи во трансфер од 115 милиони евра.




Најскапиот играч кој некогаш пристигнал во тој лондонски клуб долго време има проблеми со формата и постигна само осум гола на 26 натпревари.




Освен лошата форма во неколку ситуации правеше потези поради кои мораа да реагираат од раководството, така беше со интервјуто во кое зборуваше за Интер, а после тоа интервју му беше забрането да зборува за клубот од Милано.




„Кориере дело Спорт“ сега повторно го наведува Интер како можна опција за Белгиецот, само прашање е дали Интер финаниски би можел да го издржи враќањето на Лукаку. Покрај Интер, тука се Јувентус и Милан.