Дома Фудбал Италија Италијанската легенда воодушевена од нашиот Елмас

Италијанската легенда воодушевена од нашиот Елмас

Eлиф Елмас игра одлично на почетокот на својата авантура во Наполи и се почесто македонскиот бисер добива разни пофалби.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако го фалеа медиумите, соиграчите, тренерот сега Елмас доби и пофалби од легендата на италијанскиот фудбал, Алесандро Костакурта. Костакурта е еден од најголемите италијански фудбалери на сите времиња и сигурно дека неговите зборови имаат значење.

Костакурта е воодушевен од она што го прикажува Елмас на стартот од својата авантура во Неапол.

„Анчелоти е одличен тренер и многу добро знае да пронајде млади супер талентирани играчи. Гледате ли како игра Елмас. Го погоди Фабијан Руиз претходно, сега истото го направи со Елмас. Според мене Елмас е еден од најголемите потенцијали во Европа. Промените во Наполи веќе се гледаат, Анчелоти игра висок пресинг, таквиот начин на игра можеше да се забележи и против Ливерпул во Лигата на шампионите“, изјави италијанската легенда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нагелсман наскоро добива отказ

Јулијан Нагелсман е пред заминување од клупата на фудбалската репрезентација на Германија.…