Фудбалерот на бразилскиот Фламенго е под истрага на полицијата поради намерно добивање на црвен картон, а вниманието го привлекла ситуацијата во која членови на негова фамилија одиграле во обложувалница дека ќе биде исклучен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за поразот на Фламенго од Сантос со 2:1 во ноември 2023 година, тогаш Енрике направи прекршок во финишот, а потоа го нападна и судијата и беше испратен во соблекувалната.
Неговиот потег станал соминителен кога биле забележани големи уплати и тоа од членови на семејството, но и од друга група која е под истрага. На црвен картон за Енрике се обложиле: Братот на фудбалерот, неговата снаа, братучедката…
Фламенго објави дека Енрике ја има нивната доверба, но и дека ќе соработуваат целосно со службите.
Зад себе Енрике има два настапи во бразилската репрезентација, а во Европа настапуваше и за Волфсбург.