За првпат во историјата на женскиот фудбал утре жена ќе суди натпревар на Светското првенство.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французинката Стефани Фрапар ќе биде главен судија на натпреварот помеѓу Костарика и Германија кој се игра утре во рамките од третото коло. Асистенти на Стефани ќе бидат Нуса Бек од Бразил и Карен Диас Медина од Мексико.




Фрапар веќе има искуство на Мундијалот и беше четврти судија на натпреварот помеѓу Мексико и Полска. Претходно таа стана првата судија која делела правда на натпревари во Лига 2 (2014 ) и Лига 1 (2019), Европскиот Суперкуп (2019), групна фаза од ЛШ (2020) и квалификациски натпревар за Светско првенство (2021).




Во натпреварот помеѓу Костарика и Германија и двете селекции имаат шанси за пласман во следната фаза, меѓутоа тешко е да се верува дека Германците ќе дозволат нов кикс на Мундијалот.