Во белгискиот фудбал се донесе историска одлука, натпреварот помеѓу Андерлехт и Генк кој се играше пред три дена ќе биде преигран поради грешка на ВАР.
Андерлехт во тој натпревар победи со 2:1, а причината за повторување на натпреварот е моментот кој се случи во 23-тата минута. Тогаш напаѓачот на Генк, Јира Сор постигна гол. Имаше пенал за Генк, Шмајхел го одбрани ударот, а одбиената топка Сор ја смести во мрежата.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Во ВАР собата судиите реагираа сметајќи дека Сор влегол во шеснаесетникот пред Хејнан да го изведе пеналот. Но, освен Сор во казнетиот простор имаше и уште двајца фудбалери на Андерлехт, па така според правилата пеналот требаше да биде повторен, а не голот да се поништи.
Генк поради тоа поднесе жалба и Дисциплинската комисија утврди дека клубот е во право и конечната одлука е натпреварот да се преигра.
🖥️ El VAR sanciona penal al KRC Genk
— schmeichelista🦊🇦🇷🇸🇪 (@schmeichelista) December 23, 2023
🧤 Kasper Schmeichel ATAJA el penal
⚽ Yira Sor anota el rebote
❌ EI VAR anula el gol
Hermosa secuencia en el partido del Anderlecht ⚪🟣 pic.twitter.com/NwVhA9y6sg