Дома Македонски спорт Исланд е силна репрезентација: Еве на кого и на што најмногу треба да внимаваме

Исланд е силна репрезентација: Еве на кого и на што најмногу треба да внимаваме

iceland

Репрезентацијата на Македонија денес го игра клучниот натпревар на Светското првенство, на кој противник ќе ни биде селекцијата на Исланд.

Македонија само победа на оваа средба ја носи во следната фаза, ремито не ни одговара.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот помеѓу Македонија и Исланд се игра во 18:00 часот.

Исланд сигурно е селекција на која не е лесен противник, а еве на што би требало најмногу да посветиме внимание во одбраната.

Исланѓаните играат типичен скандинавски ракомет со цврста одбрана и формација 6:0. Моторот на тимот е централниот бек Арон Палмарсон. Тој со својата ракометна луцидност ги разигрува сите останати.

За Исланд голем хендикеп е што не можат да сметаат на крилото Гјудон Валур Сигурдсон.

Најдобри стрелци селекцијатан а Исланд се Гунарсон си Палмарсон со 16, односно 5 погодоци, од бековската линија реализира Олафур Гудмундсон со 12 погодоци.

Ако ја погледнеме нивната статистика во досегашниот тек од Мундијалот нивното најсилно оружје е ударите од далечина и влезовите на шест метри.

Кога ќе направиме споредба Македонија е подобра во реализацијата на удари од шест метри и реализирани контранапади.

Сето ова се само бројки, останува да видиме што ќе се случува на теренот од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед спреми 100 милиони за ѕвездата на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…