Дома Македонски спорт Мак ракомет Исланд во недела во „Борис Трајковски“ го чека – „пекол“!

Исланд во недела во „Борис Трајковски“ го чека – „пекол“!

0

Maкедонската ракометна репрезентација во недела од 20:00 часот ќе го игра вториот натпревар против Исланд во рамките од квалификациите за Европското првенство.

Данило Брестовац на дебито на македонската репрезентација на гостински терен во Рејкавик и донесе победа на Македонија од 33:34. Тоа беше прва победа за Македонија на гости против Исланд.

Со таа победа Македонија се искачи на првото место во групата со исто бодови колку и Исланд (четири), зад нас следуваат Турција и Грција со по два освоени бодови.

Вториот натпревар со Исланд како што споменавме се игра во недела во СЦ „Борис Трајковски“ и билети за овој натпревар повеќе – нема!

Ова значи дека Исланѓаните ќе ги очекува вистински пекол. Се надеваме на победа пред полна сала!

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Го видовме првиот „брејк“ во финалето на Истокот, Торонто на чекор од големото финале (ВИДЕО)

Во првите четири финални натпревари во финалето на Истокот видовме сигурна игра на домаќин…