Дома Фудбал Иско се збогуваше од Реал Мадрид и испрати порака до Мбапе

Иско се збогуваше од Реал Мадрид и испрати порака до Мбапе

После девет години поминати во Реал Мадрид, Иско си заминува од клубот како слободен агент.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанецот од поодамна беше на излезна врата, а оваа одлука ја потврди преку порака на социјалните мрежи.

Интересно е што дел од пораката на Иско навивачите го протолкуваа како да е порака за Килијан Мбапе.

“Кога бев во Малага, знаев дека морам да направам чекор напред. Ме поврзуваа со други тимови, но тогаш Реал тропна на мојата врата, а на Реал никој не треба да му каже „не““, изјави Иско.

Во дресот на Реал, 30-годишниот Шпанец одигра 353 натпревари и постигна 53 гола, освојувајќи ја шпанската титула три пати, Лигата на шампионите пет пати, европскиот Суперкуп три пати, Светското клупско првенство четири пати, шпанскиот Суперкуп три пати и Купот на кралот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпански коментатор без „влакна на јазикот“: Ова е најголемиот грабеж во историјата кој ФИФА го спроведе!

Познатиот шпански фудбалски коментатор Маноло Лама ја обвини ФИФА дека извршила најголем с…