Дома Фудбал Иско отвори полемика на социјалните мрежи и призна дека не е задоволен!

Иско отвори полемика на социјалните мрежи и призна дека не е задоволен!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Иско преку социјалните мрежи му одговори на бившиот играч на „кралевите“ Рубен де ла Ред.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иско одговори на коментарите на бившиот играч на Реал Мадрид и во исто време испрати порака до тренерот Солари, кој го користи главно како резерва.

„Иско треба да знае дека Реал Мадрид не чека никого. Во тимот сите се големи играчи и тој што нема да биде на нивото, веднаш ќе биде потиснат од соиграчите“, изјави Де ла Ред.

Иско веднаш му одговори преку Твитер и испрати порака до тренерот Солари.

„Целосно се согласувам со Де ла Ред, но кога не добиваш исти шанси како другите соиграчи, тогаш работите се менуваат… и покрај тоа јас продолжувам да работам и да се борам. Хала Мадрид“, напиша Иско.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зико: СП е наместен уште од почеток. Судијата го режираше натпреварот против Аргентина

ЕГИПЕТСКИОТ репрезентативец Мостафа Зико е разочаран по елиминацијата на неговата репрезен…