Дома Топ вести Иско заминува, Реал веќе му најде замена

Иско заминува, Реал веќе му најде замена

Според пишувањата на реномираните шапански медиуми, Иско дефинитивно донел одлука да го напушти Реал Мадрид.

Плејмејкерот слабо добива минутажа оваа сезона кај Зинедин Зидан и тоа е клучниот фактор да донесе одлука за промена на средината.

За шпанскиот фудбалер постои интерес од неколку гиганти меѓу кои и Јувентус и Манчестер Сити, а се верува дека во трката за неговиот потпис ќе се вклучат уште ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Иско веќе донел конечна одлука и ги известил агентите, па можно е уште во јануари да го напушти „Сантиаго Бернабеу“ доколку пристигне примамлива понуда.

Доколку Иско го напушти Реал, „кралевите“ веќе имаат спремна замена и веднаш ќе го комплетираат трансферот на Кристиан Ериксен од Тотенхем.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Првата мета во Наполи на Гатузо е од – Милан!

Како што пренесуваат медиумите во Италија, Џенаро Гатузо ќе има пари на располагање за јан…