Дома Трансфер зона Интер спреми понуда за капитенот на Лацио!

Интер спреми понуда за капитенот на Лацио!


Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е сериозно заинтересиран за капитенот на Лацио, Лукас Биглиа и сакаат да го донесат на „Џузепе Меаца“ во зимскиот преоден рок.

Биглија има договор со Лацио до 2018 година, но преговорите за продолжување на истиот се во застој бидејќи Аргентинецот не е задоволен од понудата на претседателот Лотито.

Таквата ситуација сака да ја искорити Интер, Биглиа е голема желба на новиот тренер Стефано Пиоли кој одлично ги познава неговите квалитети бидејќи соработуваа заедно во Лацио.

Медиумите тврдат дека „нероаѕурите“ веќе спремиле понуда од 26 милиони евра, па сега на потег е Лацио кој на крајот може да биде приморан да ја прифати понудата бидејќи играчот одбива да го продолжи договорот.

Сепак, „лацијалите“ не сакаат да се откажат од својот капитен на средината од сезоната, особено поради фактот што имаат одлични резултати и се борат за место во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дојде како голем талент, а Анчелоти сезонава нема да смета на него?!

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ Турскиот суперталент Арда Ѓулер нема…