Дома Трансфер зона Интер спрема трансфер „бомби“ кои чинат НУЛА евра!

Интер спрема трансфер „бомби“ кои чинат НУЛА евра!

Ако некој знае како да се доведат играчи за без пари, тогаш тоа се Италијанците.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Познати се сите големи трансфери на Јувентус кои беа во вредност од „нула евра“, за потоа клубот да ги продаде играчите за големи пари. Слично така сега сака да го стори и Интер, минатата година ги капарисаа Стивен Де Фрај и Квад Асамо и во клубот веќе размислуваат за следното лето.

Според пишувањата на „Tuttosport, следните мети се наоѓаат во Манчестер, станува збор за фудбалерите на Јунајтед, Антони Марсијал и Матео Дармиан. Нивните договори истекуваат на крајот од сезоната, не се во првиот план на Жозе Мурињо и веројатно ќе го напуштат „Олд Трафорд“. Но, ова не се единствените имиња кои можат да се слушнат на „Џузепе Меаца“.

Во игра се и Анхел ди Марија, Адриан Рабиот, Алфонс Арелоа, Мануел Фернандес, Андер Ерера, Муса Дембеле, Тоби Алдервилд, Арон Ремзи и Филипе Луис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…