Дома Фудбал Интер со пресврт до победа против Фиорентина🎥

Интер со пресврт до победа против Фиорентина🎥

Интер со пресврт дојде до три бода на тешкото гостување против Фиорентина (1:3).

Фиорентина уште еднаш покажа дека е опасен противник сезонава и во 23-та минута дојде до водство со голот на Сотил, резултат со кој се замина на полувреме.

Интер во второто полувреме тргна фуриозно и стигна до пресврт во три минути. Најпрво Дармијан во 52-та, а потоа погоди и Џеко во 55-та минута.

Фиорентина остана со играч помалку во 78-та минута откако беше исклучен Гонзалез, а конечните 1:3 ги постави Перишиќ десет минути подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Љубичиќ не запира: Трет меч по ред со гол, вторпат погоди во ЛШ

Роберт Љубичиќ ја продолжи голгетерската серија во ЛАСК, а на последните седум натпревари …