Дома Трансфер зона Интер пронајде наследник на Миранда, премиерлигаш му прави проблеми

Интер пронајде наследник на Миранда, премиерлигаш му прави проблеми

Договорот на Бразилецот истекува наредното лето, а би можел да го замени поранешен член на Сао Паоло.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Спортмедијасет“ тврди дека Интер покажал интерес за фудбалерот на Аталанта Рафаел Толои.

Според истиот извор, „нероаѕурите“ не се единствени кои сакаат да го видат овој фудбалер во своите редови. Наводно за 27 годишниот дефанзивец интерес покажал и англиски Саутемптон.

Бразилецот во Бергамо пристигна во 2015 година и полека стана стандарден член во италијанскиот клуб.

Веќе зад себе има 88 натпревари за Аталанта и изгледа дека е вистинско време за следниот чекор во кариерата.

Треба да се спомене и дека се обиде и во Рома една година пред се пристигне во Бергамо, но на „Олимпико“ не успеа да се наметне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…