Дома Фудбал Италија Интер после 27 години го менува спонзорот

Интер после 27 години го менува спонзорот

Компанијата „Пирели“ од следната сезона нема да биде генерален спонзор на италијанскиот гигант Интер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Пирели“ е главен спонзор на Интер во последните 27 години, а ова е последна сезона во која препознатливото лого ќе биде прикажано на предната страна на сино-црните дресови.

„Ние сме во преговори со Антонело, Марота и другите директори во Интер, нема да бидеме на дресовите на Интер повеќе, но нашиот однос со клубот ќе остане на едно високо ниво и натаму“, изјави Тронкети, генералниот директор на „Пирели“.

„Сунинг“ минатата недела потврди дека финансиски ќе го поддржи Интер, иако се во потрага по „соодветни партнери“.

„Мораме да се држиме до фактите, веќе добија финансиска инјекција од страна на компанијата, која воедно потврди дека ќе остане посветена на Интер, јас сум сигурен дека проектот и натаму ќе тече онака како што е замислен“ заклучи Тронкети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…