Дома Фудбал Италија Интер остана без еден од најважните фудбалери

Интер остана без еден од најважните фудбалери

Тимот на Интер се соочува со нов проблем откако се повреди Хакан Чалханоглу.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Одличниот играч за врска повредата ја заработи во настапот за репрезентација на Турција за време на репрезентативната пауза. Чалханоглу беше заменет против Хрватска, а прегледите во Милано покажале дека ќе мора да паузира.

Симоне Инзаги сигурно нема да може смета на него за натпреварот за викендот против Фиорентина, додека на почетокот на следната недела ќе бидат направени нови прегледи. Повредата како што стојат работите не е наивна и турскиот фудбалер ќе мора да биде надвор од терените околу 20-тина дена.

Ако се потврдат наајвите значи дека нема да биде во конкуренција за настап во првиот четвртфинален натпревар од ЛШ против Бенфика, како и за полуфиналето од Купот на Италија против Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо му го расипува планот на Манчестер Јунајтед во трката за фудбалер од 70 милиони фунти

Реал Мадрид може да влезе во трката за целта на Манчестер Јунајтед, Мортен Хјулманд, споре…